За 2015 година ОН бара 16,4 милијарди долари за помош на 57,7 милиони луѓе во светот

Од:

ОН соопшти дека во 2015 година ќе и бидат неопходни 16,4 милијарди долари за помош на 57,7 милиони луѓе, рекордно голем број кои се потпираат на ресурсите на организацијата.

– Зголемените потреби ги надминуваат можностите за реакција, истакна во Женева заменикот генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања Валери Ејмс.

За да им се помогне на речиси 58 милиони луѓе хуманитарните служби на ОН имаат потреба од 16,4 милијарди долари. Во тие средства не е помош за девет држави во реонот на Сахел и за Џибути, податоци кои ќе се знаат во февруари идната година.

Сириската криза ќе „голтне“ речиси пловина од средствата, следува Јужен Судан за кој е предвидена помош од 1,8 миллијарди долари. Други големи кризи се во ЦАР, Ирак, Авганистан, ДР Конго, Мијанмар, окупираните палестински територии, Сомалија, Судан, Украина и Јемен.

Според ОН за Украина во следната година ќе бидат потребни 189 милиони долари за хуманитарни операции.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска