Во Вухан се направени 467.847 тестирања на коронавирус, додека претходниот ден тој број изнесуваше 335.887.
Во кинескиот град Вухан, каде беше првото жариште на новиот коронавирус, на 14 мај почна кампања со цел откривање на асимптоматски носители на вирусот.
Ваквиот чекор е преземен откако неодамна беа пријавени нови случаи, првпат откако беа укинати карантинските мерки во градот на почетокот на април