Втора посета на Ким Џонг-ун на Кина

Од:

Кинеската новинска агенција Синхуа денеска објави дека претседателот Си Џинпинг се сретна со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун во Далиан, северна Кина.

Кинеската државна телевизија емитуваше снимка од средбата на Си со Ким. Двајцата лидери имале средба синоќа и денеска. Тоа е втора посета на Ким на Кина за два месеца.

– По првата средба со другарот претседател (Ким) односите меѓу Кина и Северна Кореја позитивно се развиваат, точно како и ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Среќен сум поради тоа, истакна Си.

Ким на средбата изразил надеж дека ќе се преземат „поетапни“ и „синхтонизирани“ мерки за денуклеаризација и траен мир на Корејскиот Полуостров.

Претходно, јапонски и јужнокорејски медиуми јавија дека во авионот кој вчера слета на кинескиот аеродром Далиан, најверојатно бил и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Нивните тврдења се поради силните безбедносни мерки околу аеродромот, како и поради тоа што не постои редовна авиолинија од Северна Кореја за Кина.

Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека во Далиан слетал специјален авион на севернокорејската авиокомпанија „Ер Корјо“, а претходно од аеродромот бил откажан летот за Јапонија на кинескиот премиер Ли Кечијанг. Кјодо наведува дека Ли го пролонгирал летот за да се сретне со севернокорејскиот претставник. Кинескиот премиер денеска треба да ја почне четиридневната посета на Јапонија, при што е предвидено да се сретне со јапонскиот премиер Шинѕо Абе и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ