Во Тунис се одржува втор круг од претседателските избори, четири години по соборувањето на автократот Зин ал Абидин Бен Али.
Тунижаните гласаат за 88-годишен ветеран од претходните влади Беџи Каид Есебси и за 75-годишниот привремен претседател Монсеф Марзуки.
Според анкетите мала предност има Есебси.
Изборната комисија конечните резултатите треба да ги објави до 24 декември.