Врховниот суд на Венецуела ја потврди победата на Николас Мадуро

Од:

Врховниот суд на Венецуела ја одби жалбата на лидерот на опозицијата Енрике Каприлес за резултатите на изборите во април годинава, потврдувајќи ја победата на претседателот Николас Мадуро.

Во одлуката на судот се вели дека жалбата на Каприлес и на опозицијата е „недозволива и недопустлива“, објаснувајќи го тоа со „непонудени валидни докази“.

Мадуро, кого поранешниот претседател Уго Чавез го назначи за негов политички наследник, тесно победи на изборите со разлика од помалку од 1,5 отсто или за само 200 илјади гласови. Лидерот на опозицијата Каприлес ја оспори победата на Мадуро, тврдејќи дека изборите „се наместени“, како и дека му се украдени околу 200 илјади гласови.

Тесната победа на Мадуро предизвика бран од протести ширум Венецуела, но државната изборна комисија ги потврди резултатите и го прогласи Мадуро за победник.

Во првата реакција по одлуката на Врховниот суд, Камприлес изјави дека ваквото решение само покажува дека во Венецуела „нема правда“. Лидерот на опозицијата најави дека нема да се откаже од приговарањето на изборната „измама“ и рече дека целиот случај ќе го префрли на меѓународните судови.

Чавез почина на 5 март по долгата битка со ракот, откако претходно две децении помина во венецуелската политика. Мадуро кој беше негов најверен и најлојален соработник ја извршуваше претседателската функција уште додека Чавез се лекуваше од тешката болест на Куба.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски