Врховниот суд на Бразил ја одобри процедурата за импичмент на Русеф

Од:

Врховниот суд на Бразил синоќа го одби барањето на Федералната владата за поништување на процедурата за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.

Владата вчера побара од Судот да го спречи гласањето во Парламнетот за импичмент на Русеф, кое е закажано за в недела.

За одбивање на владиниот предлог се изјаснија седум од десетте судии на Врховниот суд.

Иницијативата на Владата уследи откако мнозинство пратеници во Конгресот од редовите на најбројната политичка сила, Партијата на бразилското демократско движење (ПМДБ) најавија дека ќе го поддржат импичментот.

Според лидерот на ПМДБ, Леонардо Пициани, дури 90 отсто од 68-те членови на неговата парламентарна група ќе гласаат за импичмент на Русеф, која е обвинета за непочитување на законите за државниот буџет.

Би можело да ве интересира

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

Мистерија за убиениот Србин во Бразил: Член на Шкаљарскиот клан, кој беше убиен пред семејството

А1он