Врховната Рада со закон го лиши Виктор Јанукович од звањето претседател на Украина

Од:

Врховната Рада на Украина усвои закон со кој Виктор Јанукович е лишен од звањето претседател на Украина, пренесе ТАСС.

Законот беше поднесен од четворица украински пратеници. Тој
беше поддржан од 281 пратеници во услови на неопходни 226 гласа.

Ваквата одлука на Парламентот е прва во историјата на Украина, забележа ТАСС.

Како што се очекува, последиците од одлуката на Парламентот треба да се видат преку официјалното лишување на Јанукович од сите привилегии и обврски што ги има поранешниот шеф на државата согласно украинското законодавство.

Подносителите на законот објаснуваат дека преку него сакале конечно да го решат прашањето на лишувањето на Јанукович од звањето претседетел на Украина, бидејќи тој на неуставен начин сам се отстранил од извршување на претседателските задачи и со тоа го доведе во опасност управувањето на земјата, нејзината територијална целост и суверенитет и доведе до масовно нарушување на правата и слободите на украинските граѓани.

Јанукович на 25 февруари 2010 година беше избран за претседател на Украина. Врховната Рада на 22 февруари 2014 година предвреме му ги одзеде надлежностите со аргументот дека тој се „самоотстранил од извршувањето на своите обврски и побегнал од Украина за да ја избегне казната за извршениот криминал против правата и слободите на луѓето“.

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје