Вработени во хотел во Бразилија земени за заложници

Од:

Хотелот „Свети Петар“ во бразилската престолнина Бразилија денеска беше под целосна опсада, откако вооружен напаѓач зел неколкумина вработени за заолжници и од балконот ги покажал облечени во прслуци со експлозив, а на гостите и останатиот персонал им кажал да го напуштат хотелот.

Драмата во хотелот во живо беше пренесувана на бразилската телевизија, на која се гледа како маж, со нешто што наликува на пиштол, изведува врзани заложници на терасата од соба на 13 кат на хотелот „Свети Петар“.

На снимките се гледа дека заложниците биле врзани со лисици и дека на себе имале нешто што наликува на прслуци полни експлозив, пренесоа американските медиуми.

Околу 300 гости во хотелот и останатите вработени ја напуштиле зградата, откако, наводно, истиот маж им кажал да излезат од хотелот.

Пожарникарите и полицијата го блокирале подрачјето околу хотелот „Свети Петар“ и за сега, полицијата го нема идентификувано напаѓачот, ниту наведува дали вооружениот напаѓач има какви било барања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Аеродром во Бразил e поплавен: „Салгадо Фиљо“ ќе е затворен до крајот на мај

Големи поплави во Бразил, загинаа 83 лица, 111 се исчезнати

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил