ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Го ограбил и го оставил да го прегази возот

Од:

Злосторство што ја потресе Шведска. Полицијата трага по бескрупулозниот крадец кој ограбил човек што паднал на шините на подземната железница, а потоа го оставил да го прегази возот што доаѓал.

Инцидентот се случил во Стокхолмската подземна железница, а се било снимено на безбедносните камери. На снимката се гледа како човек, за кого подоцна е утврдено дека бил пијан, паѓа на шините и притоа му приоѓа друг човек од зад него, го ограбува и ладнокрвно си заминува.

Крадецот заминувајќи, поминал покрај вработен во подземната железница и воопшто не му кажал дека човек лежи на шините.

Полицијата соопшти дека доколку на време било дадено предупредување, возот за 6 минути можел да биде сопрен. Возот го прегази алкохолизираниот човек, кој преживеал, но му било ампутирано стапалото.

Полицијата кажа дека побегнатиот крадец ќе биде обвинет само за грабеж, бидејќи во Шведска не е злосторство ако оставите некого да умре.

Би можело да ве интересира

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете