Вознемирувачки снимки на полициската бруталност во Берлин-ја фаќа за врат, па на земја

Од:

Специјалниот известувач на ОН за тортура, Нилс Мелцер издаде барање за добивање информација откако ја видел снимката со полициско насилство во Германија во текот на протестите.

Се работи за снимка на која се гледа како полицаец фрла постара жена на земја за време на протестот.

На снимката која е направена за време на протестот против затворањето поради Ковид 19 во Берлин, се гледа како жена се обидува да помине покрај полицецот кој ја фаќа за врат со двете раце и силно ја фрла на земја.

Нилс Мелцер, претседавач за човекови права на Женевската академија во Швајцарија побара изјави од сведоци и детали дали е покрената службена истрага.

Тоа не е единствениот инцидент на протестот во Берлин, бидејќи на другите снимки има уште еден полицаец кој применува сила на постара жена, пренесува агенцијата Фарс.

Протестите против затворањето во Берлин станаа насилни откако полицијата се обиде да ги спречи.

Во неделата на протестите учествуваа околу 5000 Германци, а околу 600 беа уапсени.

Видео записите сведочат и за други случаи на полициско насилство, полицајци кои шутираат демонстранти, туркаат луѓе, прскаат со спреј во лице.

На една снимка објавена на социјалните мрежи се гледа дека полицијата шутира еден тинејџер.

Би можело да ве интересира

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он

Шолц: Правото на азил е составен дел на германскиот правен и вредносен систем

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он