Воздушни напади на Французите во Мали

Од:

Француските бомбардери ги нападнаа центарите за обука и логистика на исламските милитанти на североистокот на Мали, неколку часа по посетата на Франсоа Оланд на Мали.

Воздушните напади на 30 бомбардери биле извршени во текот на ноќта во Тесалит, северно од Кидала, последното упориште на радикалните исламисти, кои со месеци, пред почетокот на француската воена интервенција, го држеа пустинскиот север под окупација, изјави за АФП портпаролот на војската, полковникот Тиери Биркар.

Оланд вчера го посети Мали, каде што беше пречекан од илјадници воодушевени луѓе, за да ги поддржи француските војници кои се наоѓаат таму и се заложи што побргу да се заменат со африканските сили.

Посетата на Оланд беше организирана во моментот кога војската се обидуваше да го обезбеди Кидал, последниот бастион на радикалните исламисти кои го зазедоа минатата година и предизвикаа стравувања дека областа, по површина поголема од Франција, ќе стане засолниште на борците на Ал Каеда.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили