Возач убил најмалку три лица кога удрил намерно со автомобил во група луѓе

Од:

Возач на теренско возило денеска намерно удрил во група луѓе во австрискиот град Грац по што најмалку три лица загинаа, а над 30 луѓе се повредени, јавија чешките медиуми.

Како што пренесе дописникот на МИА од Прага, полицијата соопшти дека возачот бил уапсен.

Очевидци тврдат дека возачот возел со брзина од 100-150 километри на час во центарот на вториот по големина австриски град кога удрил во луѓето.

Иако надлежните не соопштија колку жртви има медиумите јавуваат дека загинале две жени и седумгодишно дете.

Дел од медиумите информираат дека сторителот е 26-годишен Австриец од босанско потекло, кој делувал дезориентирано и можно е да бил нервно растроен.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче