Воз полн со деца падна во река во Австрија, 17 повредени

Од:

На последниот училишен ден од школската година, воз со десетици деца и тинејџери излета од шините и падна во река во австриската провинција Салцбург.

Според првиот човек на регионалната служба за спасување, Антон Шилчер, во железничката несреќа 17 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила во близина на Кендлбрук. Вагон од регионалниот воз излета од шините и прелета околу четири метри преку насипот на реката, за странично да запре во Мура.

Шилчер додаде, дека на шините, по невремето во тој регион, имало корења или нешто слично.

Порпаролката на Црвениот крст изјави дека повеќе од 50 патници биле деца и млади, кои патувале за местото Тамсвег. Овој град е важен училишен центар за регионот.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче