Вонредна седница на британската Влада поради запленетиот танкер во Ормускиот теснец

Од:

Британската премиерка Тереза ​​Мај денеска свика вонредна владина седница на која ќе се дискутира за реакцијата што треба да се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормускиот теснец.

Како што пренесуваат британските медиуми, на министерскиот состанок ќе се разговара за тоа како да се обезбеди поморска безбедност во чувствителниот регион што е од витално значење за глобалните нафтени испораки.

Министерот за надворешни работи, Џереми Хант по седницата планира да го информира Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ и неговиот екипаж од 23 луѓе, што сега е во иранско пристаниште.

Иран објави нов видео материјал со бродот и соопшти дека екипажот е безбеден.

Ниту еден од 23-те приведени не е британски граѓанин, тие се претежно индиски, филипински, руски и латвиски граѓани.

Портпаролот на Меј, Џејмс Слејк изјави дека Иран го задржал бродот со незаконски намери и треба итно да го ослободи, како и неговиот екипаж.

Би можело да ве интересира

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети