„Волстрит журнал“: САД преместија голем контингент воени авиони и транспортни авиони во Карибите

Од:

Соединетите Американски Држави оваа недела преместија голем контингент авиони за специјални операции и неколку товарни авиони што превезуваат војници и опрема во карипскиот регион, објави денес „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани американски претставници.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за војна со Венецуела, откако нареди блокада на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и одат од Венецуела, зголемувајќи го притисокот врз претседателот на земјата Николас Мадуро.

Трамп, сепак, одби да каже дали отстранувањето на Мадуро од власт е негова крајна цел.

Трамп ја повтори заканата од копнени напади и рече дека би било „паметно“ венецуелскиот претседател Николас Мадуро да се повлече.

„Нема одговор. Тој може да прави што сака. Имаме огромна армада – најголемата што некогаш сме ја имале и најголемата што некогаш сме ја имале во Јужна Америка. Тој може да прави што сака. Во ред е, што сака да прави. Ако сака да направи нешто, ако се однесува грубо, тоа ќе биде последен пат кога ќе може да се однесува грубо“, рече Трамп.

Американските сили веќе погодија 28 брода покрај брегот на оваа земја, убивајќи повеќе од 100 луѓе, а Министерството за одбрана на САД постојано повторуваше дека целните бродови превезувале наркотици наменети за САД.

Според Пентагон, САД извршиле повеќе од дваесет напади врз наводни бродови за дрога во Пацификот и Карибите од септември, убивајќи повеќе од 100 луѓе.

Би можело да ве интересира

Иран и Оман постигнаа договор, Трамп се закани со бомбардирање

Горан Наумовски

Трамп: Ги намалуваме вежбите со Сеул, испраќаме лош сигнал до Ким Џонг Ун

Трамп за договорот меѓу Саудиска Арабија, Турција и Пакистан: „Голем, смел и важен прв чекор“

Горан Наумовски

Трамп го нервира поместувањето од летно на зимско време: Доста е овој апсурд

Постигнат договор: Венецуела ќе врати 31 тон златни резерви

Трамп: „Можеби наскоро ќе го прогласам Ормутскиот Теснец за американска територија“