„Волстрит џурнал“: Владата на САД се подготвува за средби со иранското раководство следната седмица во ОН

Од:

Американската Влада се подготвува за средби со претставници на иранското раководство идната седмица во ОН и не ја исклучува можноста за директни преговори меѓу претстедателите на САД и Иран, Барак Обама и Хасан Рохани.

Следната седмица Обама и Рохани ќе бидат во Њујорк, каде во вторник ќе се обратат пред Генералното собрание на ОН.

Според претставници на Белата куќа, Обама засега не планира средба со Рохани. Но меѓу двете земји течат комуникации, кои може да претходат на евентуална прва тет-а-тет средба на претседателите.

Според цитираните претставници, и ракување би значело дека следува затоплување на односите. Ниту еден американски претседател не се сретнал со ирански лидер, откако исламистички радикали го соборија од власт проамерикански настроениот шах Мохамад Реза Пахлави во 1979 година.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас