По стапувањето на должност на новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, војската и оклопните возила, кои беа распоредени покрај владините згради и министерства се вратија во касарните.
Ситуацијата низ државата е мирна и сите продавници, пазари и ресторани се вратија да работат со нормално работно време.
Под специјален надзор е министерот за финансии и економски развој Игнатиус Чомбо, кој е обвинет за корупција.
А под полициска контрола е и лидерот на младината на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, Кудзи Чипангу.