Армијата на Тунис рано изутринава започна офанзива против група „терористи“ во близина на алжирската граница, каде на почетокот на оваа недела беа убиени седум туниски војници, изјави претставник на безбедносните сили.
– Судирите се во тек, терористичката група е опколена. Или ќе се предадат или ќе бидат убиени, истакна воениот претставник.
Нападот утрово започна на 16 километри од Касерина, во близина на планината Чамби, каде во понеделникот беа пронајдени заклани осум туниски војници.
Туниската армија оваа пролет ја интензивира потрагата по оружената група во областа на планината Чамби, откако неколку припадници на безбедносните сили настрадаа или беа повредени од експлозивни направи.