Во пресрет на големите заеднички маневри на сите родови на армиите на Јужна Кореја и САД, армискиот врв на Северна Кореја упати порака дека Пјонгјанг е подготвен „во секој момент да преземе превентивен напад како одговор на обид за агресија“.
Воинственото предупредување од Северот дојде по соопштението дека во овогодишните заеднички маневри на армиите на Јужна Кореја и САД ќе биде организирана и вежба за одбрана од можна употреба на атомска бомба.
Како што пренесува севернокорејската државна агенција, армијата од северниот дел на Полуостровот е подготвена на „безмилосен одговор“ на каква и да е провокација.
Пјонгјанг и по овој повод го обвини Сеул дека сервилно и служи на непријателската политика на Вашингтон и дека со оддржувањето на ваквите маневри двете држави се оддалечуваат од процесот на помирување и повторно обединување на поделениот Корејански Полуостров.