Јонхап – Сеул
Едно пријатно пролетно утро, дрвјата ја покажуваат својата нова зелена наметка по планинските сртови во оваа зона Хвачеон која е забранета за движење, јужно од демилитизираната зона која ги раздвојува двете Кореи.
Богатството од зеленило се протега долж долината и водните текови, но одеднаш сопира на голата почва од северната страна на воената демакракциска зона. Дрвјата се ретки на тлото на Северна Кореја, која силно ја чуваат севернокорејски војници.
Различните бои на планините во истиот екосистем и климата покажуваат колку различните идеологии и политики можат да ја претворат совршено чистата природа во дијаметрално различни терени.
– Има само грст дрвја на северната граница од ДМЗ затоа што севернокорејските војници ги сечат за огрев. Исто во потоците ловат риби и ги јадат, рече Чои Бјунгкван, кој веќе цела деценија прави фотографии од едно од најчувствителните места на планетата. „Тоа е едно од многуте примери како животите се различни по Корејската војна која ги подели двете држави пред повеќе децении“.
За посетителите на опсерваторијата Седум ѕвезди, која е сместена на врв на рид висок 590 метри, да се гледаат чуврските постови на планинските врвови преку телескоп на прекрасен чист ден , или пак да се гледаат севернокорејските војници како пешачат покрај потокот е можеби нешто кое би ги привлекувало посетителите. „Сум бил таму и сум видел најразлични нешта“.
Но нема многу нешта таму кои посетителите можат да ги прават. Не смеете да пешачите долж тесната патека која оди покрај бодликавата жица, пат по кој јужнокорејските војници патролираат секој ден. Не смеете да фотографирате на многу места во оваа област и да постирате селфиња на инстаграм. Не смеат да се гледаат воените инсталации, а обидите да се поврзете на интернет се најстрого забранети од страв „непријателите да не се инфилтрираат на мрежите“, не предупреди армиски поручник.
Иако ДМЗ е четири километарска тампон линија која го дели Корејскиот полуостров долж 38 паралела, оваа опсерваторија која ја чуваат членовите на &-мата пешадиска дивизија е само еден километар оддалечена од територијата на Северна Кореја. Граничните постови на двете страни се поместуваат сантиметар по сантиметар се поблиску во изминатата деценија за да се дојде до подобра стратешка позиција.
– Опсерваторијата Седум ѕвезди е репрезентативно место која го претставува актуленот конфликт и болка од поделбата, каде војниците се сретнуваат од многу блиску. Истовремено, прекрасната глетка и одлично сочуваната природа на ДМЗ ги тера луѓето скоро да заборават за воените тензии, рече Сух Џеонг-јеол, бригаден генерал кој команцува со дивизијата. „Ова е симболично место каде конфликтот и мирот, минатото и сегашноста живеет едно покрај друго“.
Иако однадвор изгледа мирно, од 1950-53 година двете Кореи се технички се уште во војна по Корејската војна која заврши со прекин на огнот. ДМЗ е можеби „демилитаризирана“ само во теорија, но тука се инсталирани тешки орудија и приличен број мини се закопани по татковинската војна.
Лоцирана на 118 километри северно од Сеул, Хвачеон е војно-интензивна област каде живеат 24,000 цивили и 36,000 војници. На неколку места е забрането движењето на цивили со знаци со предупредувањата за поставени мини, и со тенковски мини на поголемите силно чувани премини.
На овој стратешки регион се одиграла најкрвавата битка кога севернокорејските тенкови навлегле долж потокот за да ја нападнат јужнокорејската армија во Хвачеон на 25 јуни 1950 година, . и влегле во Чанчеон. Потоа тргнале кон Сеул и го зазеле за само три дена. Силите на ОН го повратиле градот во септември, иако Битката за Инчеон, во операцијата на инвазијата преку вода која ја предводел американскиот генерал Даглас Мекартур.
Токму затоа војниците од редот на линијата на фронтот треба постојано да бидат во состојба на висока тревога и воена подготвеност за сето време, заради одбрана било какви провокации, посебно токако Пјон Јанг го изведе четвртото нуклеарно тесирање и неколку тестирања на ракети на почетокот на годиава, рече генералот одликуван со две ѕвезди,
-Воените тензии ескалираа по севернокорејските провокаци, но подготвени сме да возвратиме веднаш ако непијателот продолжи со било какви провокации, рече Сух.
И покрај затегнатите меѓукорејски односи, туристи од различни животни миљеа и држави го посетиле ова единствено место директно да сведочат за лицата на овие две поделени држави.
Минатата година, околу шест милиони туристи ја посетиле 248-километри долгата ДМЗ која оди по целиот полуостров, велат од државната Корејска туристичка организација (КТО) која минатиот месец во Хванчеон одржа ретка работилница за да го промовира туризмот во силно обезедуваниот регион.
– ДМЗ се изроди од трагедијата во која сонародници се бореа еден против друг пред скоро седум децении. Иако странците го поврзуваат ова место воглавно со конфликтот и конфронтациите, ние мора да ја смениме приказната за ДМЗ, рече на работилницата Ријо Кил-џае, поранешен министер за реунификација и актуелен професор на Унивезритетот за севернокорејски студии во Сеул. „Зошто да не ја смениме приказната за да промовираме мир и коегзистенција?“
Од КТО рекоа дека ќе вложат големи напори заедно со провинциските влади и претставници од туристичката индустрија за да смислат различни програми и да обезбедат полесен пристап за посетителите.
-Иронично е што демилитаризираната зона е силно обезбедуван регион каде восјките од двете Кореи се конфронтираат едни со други, рече Џунг Чанг-су, шефот на КТО. „Ако ја развиеме како светска туристичка точка, тоа ќе помогне да се сопре севернокорејската агресија и ќе придонесе во националната економија и повторното обединување на Корејскиот полуостров“. Имајќи ја во предвид сегашната безбедносна ситуација, Џунг рече дека организацијата ќе истражи начини да се изберат најдобрите локации за меѓународен туризам и ќе ги прошрират подоцна кога ќе дојде време за тоа.
Од провинцијата Гангвон, која управува со источниот дел од областа на ДМЗ, изразија надеж дека туристичките програми ќе им дадат пошироки можности на турстите и спортистите за време на Зимските олимписки игри 2018 во Пјеонгчанг.
Иако граничните опсерватории се една од најпознатите програми за луѓето кои сакаат да да фрлат редок поглед кон животот во Северна Кореја преку телескоп, симболите од хистеријата на Студената војна се исто посетувани од љубопитните луѓе.
На помалку од еден час возење од опсерваторијата лежи Браната на мирот, 125 метри висока, 600 метри долга брана изградена во 1986 година отспротива масивниот проект за брана која се наоѓа над ДМЗ.
Владата на поранешниот претседател Чун Ду-хван, шпекулираше дека севернокорејската брана била изградена со цел „масивен воден напад“ врз Сеул каде во 1988 година се одржаа Летните олимписки игри и започна голема кампања за собирање средства да изгради своја брана за да се спречи можна катастрофа со поплавување ако браната Имнам во Северна Кореја колабира.
Изградбата била одложена пред нејзиното завршување наспроти обвинувањата дека Чун се обидел да претера со заканата од Северна Кореја за да ги замолчи гласовите на несолгасување. Таа продолжи да се гради во 2002, откако со помош на сателистки снимки се открија пукнатини во трапаво изградената брана Имнам, со што се распалија стравовите од нејзино распаѓање пшри евентуално големи дождови. Изградбата била завршеа во 2005 година, и таа може да задржи 2,61 милиони тони вода, иако досега немало можност до максимум да се испита нејзиниот капацитет.
Без резервоар и генератор за производство на струја, проектот вреден 429 милиони долари стана симбол на погрешно разбраната комунистичка пропаганда.
– Со парите кои беа потрошени за браната, луѓето се прашуваат дали таа воопшто може да функционира како обична брана, рече еден туристички водич. „Се додека водата од севернокорејската вода не биде задржана од оваа брана, случајно или намерно, таа ќе стои тука да ни ја раскажува приказната за незаршената војна“.
Сега, браната можеби најдобри го илустрира огромниот предизвик со кој се сочуваат Сеул и Пјонгјанг за да се надмине длабоковкоренетата недоверба и да се нормализираат односите кои се продлабочија уште повеќе по нуклеарните тестови на Северна Кореја. Откаоо дојде на позицијата во почетокото на 2014 година, јужнокорејскиот претседател Парк Геун-хје постојано го повикува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се откаже од нуклеарното оружје и да продолжат со преговорите.
И покрај дополнителните меѓунардни санкции како одговор на нуклеарните и ракетни тестови на Северна Кореја, Ким сепак стави до знаење дека неговата земја ќе продолжи да води политика на оружје-и-путер за развивање на севернокорејско нуклеарно оружје и истовремено ќе работи на градењето на домашната економија.
На критичниот конгрес на владеечката Народна партија кој се одржа минатиот петок, медиумите во Северна Кореја за славеа „моќната нуклеарна одлучност“ на Северна Кореја, како најголемо достигнување на нивниот лидер. Ким беше ситиран како во неделата изјавил дека нуклеарното оружје е за нивна „самоодбрана“ и дека неговата земја нема да го искористи прва, освен ако не биде нападнат државниот суверенитет.
Иако претходните преговори не донесоа корисен напредок за намалување на тензиите, експертите предложија двете кореи да започнат преговори за поголема цивилна размена и туризам за подборо разбирање на едните и другите.
– Можат ли Северна и Јужна Кореја да остварат доверба едни за други преку владини разговори? Не сум сигурен, рече Сон Ки-вун, шеф на Корејската асоцијација за Студите за ДМЗ. „Преку трговија и размена на добра, луѓето добиваат искуство од прва рака и чувствуваат дека споделуваат ист јазик и историја. Токму затоа треба да го промовираме туризмот и размената на цивилно ниво за да дојдеме до чекор понапред кон повторното обединување“.