Воен арсенал пронајден во куќа на пензионер во Швајцарија

Од:

Швајцарската полиција во куќата на еден пензионер пронашла вистински воен арсенал, односно 2.400 парчиња оружје и неколку десетици сандаци со муниција.

Според пишувањето на локалниот печат, во неговата куќа во Утерзен, во близина на Интерлакен, на западот од Швајцарија, претресот траел цели три дена, а го изведувала група од 20 лица, од кои двајца војници.

Околностите под кои пензионерот собрал толкаво количество оружје се уште не се познати.

Истрагата е се уште во тек, соопштија денеска швајцарското обвинителство и кантоналната полиција.

Сопственикот на импресивниот арсенал, чиј идентитет не се открива, е приведен и распрашан во полициската станица и истиот ден е пуштен на слобода.

Оружјето е пронајдено во подрум и сите четири ката од неговата куќа.

Полицијата запленила 1.311 пушки и 1.186 парчиња рачно оружје, како и 53 сандаци муниција.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски