Водечката опозициска партија во Индија освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори

Од:

Водечката опозициска сила во Индија, националистичката хиндуистичка партија „Баратија џаната“ (Индиска народна партија), освои апсолутно мнозинство на парламентарните избори во земјата, кои се одржаа во периодот од 7 април до 12 мај, што значи дека нејзиниот лидер Нарендра Моди ќе биде новиот премиер, покажуваат првичните резултати.

Коалицијата Национална демократска алијанса, предводена од „Баратија џаната“ освои 325 мандати, а за освојување на апсолутно мнозинство во Долниот дом на индискиот Парламент (Лок Сабха) се потребни 272 пратенички места. „Баратија џаната“ самата освои 273 мандати во Лок Сабха, што е најголемата победа на парламентарните избори во Индија во изминатите 30 години.

Досегашната владејачка партија Индискиот национален конгрес го призна поразот. Партијата води само во 67 изборни единици, што е најлошиот резултат на партијата, предводена од династијата Ганди, во целата нејзина историја.

Одѕивот на овие избори во Индија беше рекорден. Правото на глас со оствариле 66,38 отсто од 814-те милиони гласачи.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка