Седуманесет лица загинаа, а седумдесет се повредени откако денеска воз удри во камион во близина на градот Ел Фахас во Тунис, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.
Очевидци велат дека камионот ја преминувал пругата кога бил удредн од воз, кој од Ел Фахас патувал за престолнината Тунис. Локалните жители соопштија дека преминот не бил обележан со рампа.
Ова е најтешката железничка несреќа во Тунис во последните неколку децении.