Во Вухан за коронавирус се тестирани повеќе од 222 илјади луѓе за само еден ден

Од:

Во кинескиот град Вухан, од каде почна епидемијата на коронавирусот, вчера биле тестирани 222.675 луѓе, соопшти локалната здравствена управа.

Тоа е речиси двојно од бројот на тестирани еден ден претходно.

Во Вухан на 14 мај почна кампањата со цел да се откријат асимптоматските носители на коронавирусот – оние кои се заразени, но немаат симптоми на болеста. Ова следуваше откако минатиот викенд се појави ново жариште на епидемијата, по отворањето на градот на 8 април.

Во Вухан живеат речиси 11 милиони луѓе, а тестирањето се спроведува на доброволна основа.

Досега не е утврден случај со симптоми, но пронајдени се 28 нови асимптоматски носители на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Кина: коронавирус откриен во пилешки крилца од Бразил

А1он

Петмина патници од завчерашниот лет за Финска позитивни на коронавирус, 17 одбиле да се тестираат

А1он

Кина: Двајца оздравени пациенти повторно болни од Ковид-19, шест месеци од првата инфекција

А1он

Германија: Најмногу заразени со коронавирус на автопатот А3, по кој доаѓаат патници од Западен Балкан

А1он

Шпанската покраина Галиција забрани пушење на улица и јавни места како мерка против ширењето на Ковид-19

А1он

Дезинформациите околу Ковид-19 убиле 800 луѓе во светот за три месеци

А1он