Во војната меѓу Исламот и Западот клучно е женското прашање

Од:

Слободна Далмација – Сплит

Откако беа спречени новите терористички напади во Германија кои можеа да бидат со страшни последици, дојде време работите да се наречат со вистинско име. Европа е во војна со исламот, ова што се случува е џихад, колку и да го ублажуваат тоа медиумите и политичката коректност.

И последните напади на Ердоган на Германија и Холандија кои ги нарече нацистички режими, само затоа што не му дадоа својата исламистичка револуција да ја пресели на европско тло, се дел од таа војна. Тој таа војна веќе ја води тука пред нашиот нос, во БиХ: Ердоган де факто е вистински лидер на Босанците, а не Изетбеговиќ. Никогаш нема да ја заборавам сцената кога при посетата на Србија го посети Нови Пазар, а Босанците, како на Тито му мавтаа френетично со турски знамиња и го скандираа неговото име.

За дестабилизација на ова подрачје, а и тоа е војна, покрај Путин најодговорен е Ердоган. Зоран е пример на апсење (само) на Хрватите во БиХ, иако војуваа заедно со Босанците, за наводни воени злосторства. Босанските муслимани воопшто не ги интересира „европскиот пат”, туку „Ердогановиот пат”, а евентуален влез во ЕУ (ако не се распадне) е всушност Ердоганово кукавичко јајце – да има своја чиста исламска „држава” (Федерација) во ЕУ, за што е важно да се истребат Хрватите, да се поапсат и да се заплашуваат секојдневно се додека и последниот не побегне, или се сведат на незначаен број, како што е веќе на дело во Сараево, каде има повеќе академици од Хрвати.

За Ердоган многу зборува податокот дека за првите десет години владеење изградил 17 илјади џамии и ниту едно училиште. Тоа може да се разбере поаѓајќи од неговите изјави поради кои своевремено доби по прстите, додека Турција беше нормална и кои се негова џихадистичка програма: „Џамиите се наши тврдини, куполите се наши штитови, минарињата се наши ракети, а верниците се наша војска”.

Тој се гледа како лидер на значаен дел на исламскиот свет во војната против „декадентниот Запад”, а вербалното „тропкање со оружје” кое го покажа во навредливите изјави кон Германците и Холанѓаните, покажува колку се чувствува силен, посебно поради фактот дека во тие земји живее веќе негова „војска” од повеќе милиони Турци кои за својата кауза се обидува да ги крене на нозе.

Како да се однесуваме во оваа војна? Неодамна прочитав колумна на М. Фини под името „Судирот на цивилизациите се води поради жените”. Поаѓајќи од општо познатата Хантингтонова теза, Фини смета дека исламот ќе не покори демографски, иако ние се потпираме на оружјето, како и Србите во процесот на губењето на Косово, кое е изгубено на демографски, а не на воен план.

Впрочем и Ердоган држи милиони мигранти во Турција како оружје и рекет против Европа. Затоа Фини смета дека ќе успееме да се одбраниме ако успееме да ги придобиеме жените муслиманки како сојузници. Поаѓајќи од примерот на Авганистан, Фини се прашува зошто воопшто се војува во Авганистан?

За разлика од Средниот исток, во Авганистан не се војува од економски причини, Авганистан нема нафта, ниту е од некоја посебна геополитика, бидејќи тогаш би било логично да се „стави шепа” и на околните држави, на пример на Узбекистан или Туркменистан.

Се војува од идеолошки причини, поради талибанците, против нивната идеологија која ја црпат од исламските свети книги и традиции. Имено, Мула Омар, кој шест години владееше, во своите реформи врз основ на исламските традиции, во посебен фокус ја зема заштитата на жената. Како? Така што ја дефинираше нејзината улога во која работа и е само да раѓа деца и да биде дома, на трагата на Хомеини, далеку од секоја самостојност и економска независност од мажот.

Интересен е податокот дека за неговото владеење и во „фокусот на женското прашање и заштитата” не е забележан ниту еден чин на силување и злоставување, а тоа што е направено жестоко било санкционирано.

Затоа Фини заклучува: „Ако Западот не успее да ги придобие муслиманките за себе, ако не ги хомогенизира, исламистите со својата демографска маса ќе преовладеат… додека на Запад денаталитетот и стареењето на населението рапидно е зголемено. На крај ќе не преплават, ќе се инфилтрираат на наша територија и ќе не присилат на нивната култура без никаков голем напор, затоа што природата не трпи празнина (horror vacui), а празнината на вредностите не може да биде пополнета со други вредности”. Фини во едно има право, бидејќи тој процес во ЕУ е веќе на дело во контекст на „испревртените интеграции” каде Европјаните масовно преминуваат во ислам во квартови каде муслиманите станаа мнозинство.

Многу муслимани и во ЕУ жената ја сфаќаат како машина за раѓање на деца. Поради тоа женските деца во многу исламски семејства во ЕУ се во подредена положба во однос на машките.

Тоа посебно се гледа во фактот дека на женските деца не им дозволуваат да одат на училиште, да не бидат економски независни од мажите. Тука европското законодавство, не осврнувајќи се на „мултикултурализмот” треба да ги извлече младите муслиманки од овој патријахален терор со цел за демографска експлозија на исламот како начин н аосвојување на нашиот простор.

Имено, ни султанот Ердоган не размислува нешто поразлично од Мула Омар. Затоа и последниот дел од неговите програмски наведени цитирани реченици, наместо зборот „верници” поточно би било да се напише: „Верниците се наша војска!”.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува