Во Виена нападнат Центарот на турската заедница

Од:

Центарот на турската заедница во Виена денеска е нападнат со молотови коктели, соопшти австриската полиција.

– Во нападот никој не настрада, но нанесена е огромна материјална штета на зградата. Уништени се 4.000 книги и опрема, изјави раководителот на Центарот на турската заедница Мурат Барлан.

Тој посочи дека напаѓачите ги скршиле прозорците и внатре фрлиле молотови коктели.

Австриската полиција не соопшти повеќе детали за нападот.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче