Во Виена намалени штетните гасови за 26 проценти по жител

Од:

Градскиот совет на Виена го усвои извештајот за реализација на „Програмата за заштита на климата во Градот Виена“ (КлиП) според кој еколошките цели поставени за реализација до 2020 година веќе се реализирани.

Во споредба со 1990 година, а благодарение на амбициозните мерки на КлиП на годишно ниво избегната е емисија на 3,7 милиони тони еквивалент на јаглерод диоксид.

Постигнато е намалување на штетни гасови за 26 проценти по жител односно пет отсто повеќе во однос на целта за намалување за 21 процент.

Програмата за заштита на климата усвоен е во 1999 година на ниво на градот, а неговата евалуација ја извршува Австриската агенција за енергија.

Мерките за заштита на енергија постигнати се во областите енергија, сообраќај, здравство, складирање на отпад,  а програмата се оценува за успешна и од еколошки и економски аспект.
За остварување на климатските цели во наведените области вложени се 33,2 милијарди евра и обезбедени се 53.000 работни места на годишно ниво. 

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче