Во верижен судир на 100 возила во Австрија загина едно лице

Од:

Силниот снег и мразот во вторник, предизвикаа верижен судар на автопатот западно од Виена, во кој учествуваа дури 100 возила, а во несреќата најмалку едно лице загина, јавуваат австриските медиуми.

Официјални лица од службите за спасување соопштија дека несреќата се случила во близина на местото Санкт Полтен на околу 60 километри од Виена, и дека се вклучени 40 камиони и 60 автомобили, пренесува БиБиСи. Тие наведуваат дека колоната на запрени возила е подолга од два километри.

На местото на судирот дошла помош од шест регионални противпожарни служби, со возила на итната помош и хеликоптер за итни случаи, објави австриската телевизија ОРФ.

Во јужна Австрија, најмалку 29 лица се повредени, шест од нив сериозно во две сообраќајни несреќи во тунелите на патот во Штаерска, јави ОРФ.

Ладниот бран предизвика пореметувања во сообраќајот ширум Европа.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче