Во Венецуела недостасува се, најмногу тоалетна хартија

Од:

Венецуела се уште се соочува со недостаток на основните намирници, а во последно време во продавниците повеќе не може да се најдат ниту средства за хигиена, особено тоалетна хартија.

-Имам 71 години и до сега вакво нешто не сум виде-вели Мануел Фагундес, додека во центарот на Каракас беше во потрага по основни намирници.

Тоалетната хартија вчера можеше да се најде само во една продавница во главниот град.

-Веќе две недели барам тоалетна хартија, една продавница доби поголема количина но таа бргу беше распродадена-истакна Кристина Рамиос.

Венецуелските власти го обвинуваат претходниот режим за овој дефицитарен производ во Венецуела, држава со околу 26 милиони жители, а оваа недела ветија дека проблемот делумно ќе го решат, така што ќе увезат 760.000 тони хартија и 50 милиони пакети тоалетна хартија.

Економистите сметаат дека недостатокот во Венецуела е последица на контролата на цените, чија цел беше основните намирници да бидат достапни до најсиромашните граѓани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски