Во Украина за еден ден пријавени над сто смртни случаи

Од:

Првпат во Украина од почетокот на пандемијата со Ковид-19 регистрирани се повеќе од 100 смртни случаи за еден ден.

Во изминатите 24 часа од последици од новиот коронавирус починале 108 луѓе. претходно, на 8 октомври беа регистрирани 93 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата во Украина потврдени се 256.266 случаи, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 4.887, а оздравеле 112.570 луѓе.

Украинската Влада вчера најави дека ќе отвори дополнителен број на болници за смествување на пациентите со Ковид-19 и оти се разгледува можноста за заострување на рестриктивните мерки.

Би можело да ве интересира

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во карантин откако се заразил еден од неговите телохранители

Горјан Грнчаровски

Првата пилот-серија од вакцината „Спутник V“ испратена низ руските региони

Анализа: Најзагрозени од вирусот се вработените во Домовите за стари лица, продавачите се прилично безбедни

Ана Василевска

Париз и Марсеј прогласени за ризични зони од Ковид-19

ЕУ постигна договор за вакцина против Ковид-19 со АстраЗенека

Предраг Петровиќ

Италијанската влада ќе ја продолжи вонредна состојба во земјата до крајот на октомври

Горјан Грнчаровски