Италијанската влада ќе ја продолжи вонредна состојба во земјата до крајот на октомври

Од:

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, му предложи на парламентот да ја продолжи вонредната состојба до крајот на октомври поради епидемијата на коронавирусот.

И министерот за здравство Роберто Сперанза денеска најави дека следното продолжување на вонредната состојба ќе трае до 31 октомври.

На 31 јануари, по појавувањето на првите случаи на инфекција во земјата, кабинетот донесе декрет, со кој се воведе вонредна состојба во траење од 6 месеци.

Според Конте, продолжувањето на мерките е неопходно, пред сè, поради фактот, што, според медицинските лица, вирусот продолжува да циркулира во земјата. Меѓународната состојба е исто така загрижувачка како онаа што се случува во моментот кај некои од италијанските соседи, истакна тој.

Во исто време премиерот нема намера да ја „драматизира ситуацијата или да поттикне неоправдан страв кај населението“. Тој појасни дека, без продолжување на вонредната сосотјба, ќе биде невозможно да се ограничи ширењето на коронавирусот.

Италијанската опозиција се противи на новите мерки за продолжување на вонредната состојба со образложение дека владата носи одлуки без потреба од парламентарно одобрување и консултација со опозицијата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши