Во Уганда е прогласена епидемија на вирусот ебола, соопшти денеска тамошното Министерство за здравство и Светската здравствена организација (СЗО).
Министерството на Твитер објави дека е потврден случај на ебола во централниот округ Мубенде. Подоцна почина 24-годишен маж со симптоми на ебола.
Uganda confirms an outbreak of Ebola Virus Disease (EVD) in Mubende District, Uganda.
The confirmed case is a 24 year old male a resident Ngabano village of Madudu Sub County in Mubende District presented with EVD symptoms and later succumbed. pic.twitter.com/36i9xyxdxm
— Ministry of Health- Uganda (@MinofHealthUG) September 20, 2022
Канцеларијата на СЗО во Африка соопшти дека станува збор за релативно редок судански вид на ебола, откако здравствените власти во Уганда истражија шест сомнителни смртни случаи во истата област овој месец.
„Во моментов има осум сомнителни случаи кои добиваат нега во здравствената установа“, рече СЗО Африка, додавајќи дека им помага на здравствените власти во Уганда во нивната истрага и распоредување на персонал во погодената област.