Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Од:

Американката која отвори центар за лекување на неухранети деца, иако немала медицински квалификации, е главната тема на документарниот филм „Savior Complex“. Повеќе од 105 деца загинаа.

Рене Бах е американска мисионерка која отвори хуманитарен центар за лекување на неухранети деца во Уганда. Над стотина деца умреа во центарот „Serving nis children“, бидејќи Рене немал медицински знаења да им помогне. За овој бизарен случај е снимен и документарниот филм.

„Американка без медицински квалификации раководеше со центар за неухранети деца во Уганда, а 105 од нив починаа“, е насловот на извештајот што го објави „НПР“ во кој се опишува случајот со Рене Бах. Имала само 19 години кога го отворила својот хуманитарен центар во Џинџа, Уганда.

Се чувствував како Господ да ме повика да го сторам тоа“, изјави тогаш Бах.

Центарот беше наменет како место каде што неухранетите мали деца можеа да добијат храна, но многу од нив имаа сериозни здравствени проблеми кои бараа грижа од медицински професионалци. Бах, пишува „Инсајдер“, за тоа се погрижила самата, иако никогаш не била обучена за медицинска сестра или лекар.

Некогаш, наводно, сама ги лекувала децата, а понекогаш манипулативно ги убедувала нивните семејства дека на најмалите не им треба болница, туку е доволен престој во нејзиниот центар. Од 940 деца кои останале во нејзиниот центар, дури 105 починале.

Неколку семејства од Уганда ја тужеа пред локалниот суд откако децата се здобиле со повреди или починаа во нејзиниот центар. Бах избега од Уганда назад во Вирџинија и никогаш не се соочи со обвиненија во Америка.

За овој случај беа спроведени повеќе истраги. „Еј-би-си њуз“ објави информација за наводно убедување на семејствата да не бараат соодветна медицинска нега за нивните деца, додека „Њујоркер“ пишува дека за тоа не се пронајдени докази.

Бах се спогоди со неколку семејства чии деца починале. Во еден од случаите, поранешни вработени во центарот сведочеа дека таа давала медицинска нега, како што е трансфузија на крв, без стручен надзор. На двете мајки на починатите деца им платила отштета од 9.500 долари, но не ја признала вината.

Нејзиниот адвокат, Дејвид Гибс, изјави за Инсајдер дека, освен тие тужби од 2020 година, не се поднесени никакви тужби против неговиот клиент.

Би можело да ве интересира

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска

Пожар во училиште за слепи во Уганда, загинаа најмалку 11 ученици