Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Од:

Министерството за здравство на Уганда денеска соопшти дека од вторникот, кога во земјата беше прогласена епидемијата на ебола, 16 лица се заразени со вирусот на хеморагична треска.

Властите во петокот соопштија дека четири лица починале од ебола за три дена, додавајќи дека епидемијата ја зафатила централна Уганда.

– Засега нема потврдени случаи на инфекција во главниот град, додаде Министерството.

Уганда и претходно имаше епидемија на ебола, која уби неколку илјади луѓе низ Африка од нејзиното откривање во 1976 година во соседно Конго.

Вирусот ебола може да биде смртоносен, но сега постојат вакцини и терапии против оваа болест.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американка отвори центар за лекување на деца во Уганда, над 100 умреа затоа што не беше медицинско лице

Предраг Петровиќ

Милитантни убија 42 лица во напад на средно училиште во Уганда

Незадоволен телохранител во Уганда го уби министерот кој требало да го штити

Ана Ололовска

Стампедо во трговски центар во Уганда, најмалку 9 лица загинаа

Претседателот на Уганда го назначи Братислав Стоиљковиќ за трговски претставник на земјата за Југоисточна Европа

Персоналот во затворите во Уганда нема да користи мобилни телефони за време на СП во фудбал

Ана Ололовска