Eден од лидерите на туниската опозиција, Мохамед Брахми, е убиен денеска во главниот град на Тунис, соопштија извори од неговата националистичка секуларна Национална партија.
Брахми е убиен со истрели од огнено оружје, но други детали за атентатот засега не се соопштени.
Ова е второ убиство на секуларен политичар во Тунис годинава. Пред шест месеци беше убиен Чокри Белаид, што предизвка бран од протести ширум Тунис.