Во Тунис се одржуваат парламентарните избори бојкотирани од опозицијата

Од:

Во Тунис денеска се гласа на парламентарни избори, но б ојкотирани од опозицијата, која ги отфрла како измама, јави ДПА.

Тие се спроведуваат по неколкумесечни политички превирања и економски тешкотии во северноафриканската земја која беше лулка на Арапската пролет 2010-2011 година.

Во март, тунискиот претседател Каис Сајед го распушти парламентот. Овој потег беше дел од низата мерки кои опозицијата ги осуди како државен удар. Минатата година, Сајед, поранешен професор по право, ја разреши владата и делумно го суспендираше Уставот од 2014 година, кој ги намали овластувањата на Претседателот во корист на Парламентот и Владата, потсетува ДПА.

Во јули на референдум во Тунис беше одобрен нов устав кој ја зајакна улогата на шефот на државата. Сепак, само околу 30 отсто од околу 9,2 милиони граѓани со право на глас учествуваа во референдумското изјаснување.

Каис Сајед, кој беше избран за претседател во 2019 година, постојано ги бранеше своите постапки, велејќи дека не го прекршуваат Уставот. Тој вети и дека ќе ги почитува основните слободи и граѓански права.

Сепак, главните опозициски партии ги бојкотираат денешните избори. Тие го обвинуваат Сајед за преземање на власта и воспоставување авторитарен режим во Тунис, земјата која некогаш се сметаше за единствен успешен пример на Арапската пролет, забележа ДПА.

Според новиот Изборен законик, бројот на пратенички места во еднодомниот парламент е намален од 217 на 161.

Кандидати се вкупно 1.055. Тие учествуваат на изборите самостојно, а не како дел од листи, систем за кој се верува дека ги ослабува политичките партии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен