Вo Тунис се формира ново протестно движење

Од:

Туниски опозициски активисти почнаа сопствена варијанта на египетското протестно движење „Тамаруд“, чија кампања на улиците извади милиони Египѓани и доведе до падот од власта на исламистот Мохамед Морси, соопштија британските медиуми.

Младите, речиси непознати, лидери на тунискиот „Тамаруд“ се надеваат дека ќе ја организираат опозицијата против сопствената влада, раководена од исламисти, што слично на египетската на чело со Морси, дојде на власт по востанието во 2011 година против автократското владеење на претседателот Бен Али.

Исто како своите египетски истомисленици, членовите на тунискиот „Тамаруд“ ги обвинуваат исламистите дека се обидуваат да го наметнат шеријатот и да ги намалат граѓанските слободи, како и дека не успеваат да се справат со економските проблеми.

Основачите на движењето планираат да организираат масовни протести, откако успеаја да соберат над 200.000 потписи под протестната декларација.

Портпарол на „Тамаруд“ изјави дека движењето сака растурање на Уставното собрание, што ја доби задачата да го напише новиот устав бидејќи неговите членови се подготвувале да ја утврдат почвата за религиозна држава. Тоа инсистира, исто така, да се формира привремена влада.

Британските медиуми, меѓутоа, истакнуваат дека ќе мине доста време пред тунискиот еквивалент на „Тамаруд“ да собере доволно поддршка.

За разлика од Египет, владеачката исламска партија во земјата „Ан Нахда“ успеа да го задуши уличното незадоволство и да ги смири световните партии, вклучувајќи во владата неколкумина независни министри. „Ан Нахда“, исто така, вети во новиот устав во Тунис да не се споменува исламскиот закон (шеријат).

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен