Крајбрежната стража на Тунис пронашла тела на најмалку 41 мигрант, повеќето од Сирија, кои се удавиле во обид да допловат до Европа, соопштија властите.
-Документите пронајдени со телата на удавените покажуваат дека повеќето потекнуваат од Сирија, а меѓу жртвите има жени и деца, соопшти Абдел Кебир, градоначалникот на Бен Гердан, град на границата со Либија.
Кебир додаде дека бродот најверојатно испловил од Либија, а дека потоа морските струи телата ги исфрлиле на брегот на Тунис, пренесуваат американските медиуми.
Тој додаде дека локалните рибари пријавиле дека во текот на последните денови виделе многу повеќе тела во морето.