Избирачките места во Тунис ги отворија вратите за првите во историјата на оваа земја слободни претседателски избори, организирани на приближно четири години по револуцијата, што го означи почетокот на Арапската пролет, соопштија француските медиуми.
Приближно 5,3 милиони избирачи ќе го остварат своето право на глас.
Вкупно 27 кандидати претендираат за функцијата шеф на државата. Според наблудувачите, главната битка ќе се води меѓу 87-годишниот поранешен премиер и лидер на партијата „Нидаа Тунес“, Беџи Каид Есебси и привремениот претседател на земјата Монсеф Марзуки.
Доколку никој од кандидатите денеска не го обезбеди потребнотоо мнозинство гласови за победа, по две недели ќе се организира и втор круг од изборите.
Согласно тунискиот закон, Централната изборна комисија за три дена треба да ги објави резултатите од денешното гласање.