Туниските власти наредија итно затворање на сите џамии и медиуми што повикуваат на џихад, во обид да се запре радикалното движење што пратставува главна пречка на државата на патот кон демократија.
Владата најави затворање на џамиите кое делуваат надвор од Министерството за верски прашања и верски објекти во кои се слави минатонеделното убиство на 15 туниски војници во близина на границата со Алжир.
Тунис најави и затворање на сите телевизиски и радио станици без лиценци, а кои повикуваат на џихад.