Во три округа од Англија издадени серија предупредувања за голема опасност од поплави

Од:

Во три округа од Англија денеска се издадени неколку предупредувања за опасноста од големи поплави, што значи дека постои опасност по животот на луѓето.

Големите бури во овие окрузи веќе предизвикаа поплави и недостиг од струја, а британскиот секретар за животна средина Џорџ Јустис соопшти дека климатските промени создаваат екстремни временски услови и дека владата не е неподготвена, пренесоа американските медиуми.

-Никогаш нема да бидеме подготвени да ја заштитиме секоја куќа поединечно заради природата на климатските промени и фактот дека таквите временски услови стануваат поекстремни, меѓутоа, со значителна сума пари направивме се што можеме и ќе направиме уште повеќе, рече Јустис.

Петте предупредувања за големи поплави се издадени во Ворчестер, Херфордшир и Шропшир.

Жителите на оделните делови на Велс и во западна Англија денеска почнаа да ги расчистуваат последиците од поплавата, откако таму беа поплавени патишта, железнички пруги, куќи и продавници.

Во текот на викендот во оделени делови на Велика Британија беа измерени и удари на ветрот со брзина поголема од 145 километри на час, проследени со 150 милиметри дожд на метар квадратен, а метеорозите велат дека нивоата на реките во оделни делови на северна Англија се уште не го достигнале својот максимум.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско