Во терористичкиот напад во Тунис убиени 22 лица, повеќето странски туристи

Од:

Во вчерашниот напад во Народниот музеј во Тунис убиени се 22 лица, од кои многумина се странски туристи, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа земја.

– Убиени се вкупно 22 лица, вклучувајќи и 20 јужноафрикански, јапонски, француски, полски и италијански туристи, рече портпаролот на министерството Мохамед Али Арови, без да даде детали за идентитетот на жртвите.

Американските медиуми ја пренесуваат Туниската државна телевизија, која наведува дека во нападот има и 50 ранети лица.

Двајца напаѓачи се убиени, но премиерот Хабиб Есид изајви дека се уште се трага по двајца или тројца други напаѓачи.

Според него, меѓу мртвите се и службеници на обезбедувањето на музејот, како и хигиеничарка, додека останатите се туристи од  Италија, Полска, Германија и Шпанија.

Шпанското Министерство за надворешни работи потврди дека еден од убиените е нивен државјанин.

Есид во обраќањето на телевизија предупреди дека нацијата е во опасност.

– Ќе бидеме немилосрдни во одбраната на нашата земја, додаде тој, опишувајќи го настанот како напад без преседан врз економијата на Тунис.

Тој вети поголема безбесност во туристичките зони и ги замоли граѓаните да бидат исклучително внимателни. 

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен