Во судири со пробритански демонстранти во Белфаст повредени осум полицајци

Од:

Осум полицајци вчера се ранети во главниот град на Северна Ирска, Белфаст, во протестите заради симнувањето на британското знаме од зградата на градското собрание, пренесоа британските медиуми.

Пробритански демонстранти се судрија со чуварите на редот во врска со одлуката на градскиот совет, од пред еден месец, за прекратување на вековната традиција знамето на зградата на собранието секој ден да биде кренато и развиорено.

Во советот мнозинството го имаат проирските националисти.

На почетокот на протестите, што беа прекратени заради божиќните празници, беа повредени над 40 полицајци.

Во текот на последните денови приврзениците на знамето на Обединетото кралство, исто така, демонстрираа на улиците, но до вчера протестите им беа мирни.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски