Во стампедо во Индија загинаа над 90 лица

Од:

Најмалку 90 верници загинаа, а повеќе од сто се повредени во денешното стампедо во хиндуистичкиот храм во централна Индија, соопшти индиската полиција.

Претставник на полицијата соопшти дека досега е потврден 91 смртен случај, а десет лица од повредените се во критична здравствена состојба.

За време на Наваратра фестивалот илјадници верници се собраа во храмот Мандула Деви, на 55 километри од Датиа, главниот град на индиската држава Маџа Прадеш.

Стампедото се случи додека верниците го преминувале мостот на реката Синд во близина на храмот за да присуствуваат на религиозниот ритуал од деветиот ден на Наваратра фестивалот.

Повеќето верници загинаа кога останатите ги прегазиле, а некои се удавиле откако во паника скокнале од мостот.

 

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка