Во Сирија загинаа 31.000 лица од почетокот на бунтот

Од:

Бројот на убиени лица во Сирија од почетокот на бунтот против режимот на претседателот Башар ал Асад, пред повеќе од една и пол година, надмина 31.000.

Шефот на Сирискиот центар за набљудување на човековите права, сместен во Лондон, Рами Абдел Рахман, сооопшти дека од почетокот на конфликтот, кон средината на март минатата година, загинале над 22.200 цивили, приближно 7.600 војници и околу 1.200 дезертери.

Само во септември во Сирија се убиени 4.727 лица, што е сепак помалку отколку во текот на август, кој се води како најсмртоносниот месец од почетокот на бунтот.

Абдел Рахман предупреди дека реалната бројка на жртви е поголема бидејќи и двете страни во конфликтот криајт дел од своите загуби.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски