Во Сирија убиен новинар на „Ал Џезира“

Од:

 Новинарот на катарската телевизија „Ал Џезира“ Мохамед Хорани е убиен вчера во сириската провинција Дара, со што бројот на загинатите новинари во конфликтот во оваа земја достигна 20 лица.

– Мухамед Хорани е убиен од снајперски истрел на режимските сили во градот Баср ал Харир во провинцијата Дара додека известувал за судирите, соопшти „Ал Џезира“.

Пред ангажманот во „Ал Џезира“, 33-годишниот Хорани бил активен во бунтот против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Портпарол на катарската телевизија истакна дека „нападот врз новинар соработник и екипата на Ал Џезира нема да го смени уредувачкиот начин на работа и правилата кои оваа мрежа ги усвоила уште од првиот ден на работа, пред 16 години, и со кои се обезбедува вистинско известување“.

Хорани е вториот убиен новинар во изминатите 24 часа во Сирија, откако францускиот новинар Ив Дебе беше застрелан во градот Алепо.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски