Сибирскиот дел на Русија е зафатен со екстремно ниски температури, кои во Краснорајскиот регион достигнуваат и до минус 48 степени Целзиусови, јави „Гласот на Русија“.
Во областите Омск, Томск, Кемеров и Новосибирск регистрирани се минус 43 степени, додека во Челабинската област минус 36 степени Целзиусови.
Училиштата во Новосибирск се затворени, а поради оштетување на водоводните цевки 1.500 лици се без топла вода.
Авионскиот и патниот сообраќај се одвива отежнато, поради маглата. Видливоста е намалена до 500 метри, а на некои места и до 200 метри.
Метеоролозите прогнозираат дека силниот студ ќе се задржи во Сибир до крајот на неделата, а потопли температури се очекуваат по 18 декември.