Во Шведска се роди првото дете од мајка со трансплантирана матка

Од:

Шведските лекари соопштија дека за првпат во светот жена со пресадена матка родила бебе, пренесоа американските медиуми.

На триесет и шестгодишната жена минатата година и била трансплантирана матка од една блиска семејна пријателка. Таа минатиот месец добила здраво машко бебе, иако предвреме се породила, а сега и двајцата се дома и се во добра здравствена состојба.

Не се наведува името на мајката и каде таа живее.

Д-р Матс Бранстром изјави дека бебето е неверојатно и дека воопшто не плаче.

Брансттом е професор по акушерство и гинекологија на универзитетот во Гетеборг и клиниката за ин витро оплодување во Стокхолм и раководител на овој научен проект.

Деталите за случајот ќе бидат објавени наскоро во медицинското списание „Лансет“.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло