Во Шведска извршени рекорден број напади врз бегалски центри

Од:

Рекорден број напади се извршени оваа есен врз центри за бегалци во Шведска, соопшти денеска организацијата за човекови права Експо.

Според нив, во Шведска во 2015 година се извршени повеќе напади врз бегалски центри отколку во изминатите четири години.

Од 2011 година до ноември 2015 година регистрирани се 95 напади врз такви центри. Од нив 50 се извршени во 2015 година. Само во октомври биле извршени 14 такви напади што се регистрирани од полицијата – опожарување, вандализам, закани и напади врз мигранти.

Во текот на оваа година во Шведска пристигнале 170.000 бегалци.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност