Во сенка на коронавирусот, муслиманите ќе го поминат рамазан како никогаш досега

Од:

ХИНА – Загреб

Во деновите пред светиот месец рамазан, исламскиот свет се соочува со парадокс што го предизвика пандемијата на коронавирусот: присилно раздвојување во време кога дружењето е речиси свето.

Но, со затворени џамии, полициски час поради коронавирусот и забрани за масовни молитви од Сенегал до Југоисточна Азија, околу 1,8 милијарди муслимани се соочуваат со рамазан како никогаш порано.

Ширум муслиманскиот свет, пандемијата создаде нови нивоа на загриженост пред светиот пост, кој почнува околу четврток.

Во Алжир, Јасмин Хермахе (67) обично прима роднини и соседи во својот дом и ги нуди со чај и ладни пијалаци во текот на месецот на постот од зори до самрак. Но, тој стравува дека ќе биде различно оваа година.

„Можеби нема да ги посетиме ниту, пак, тие ќе дојдат“, вели таа во солзи. „Коронавирусот ги исплаши сите, дури и истакнатите гости“, додаде таа.

Во земја во која џамиите се затворени, нејзиниот сопруг Мохамед Џемуди (73) се грижи за нешто друго.

„Не можам да го замислам рамазан без теравих-намаз“, рече тој, осврнувајќи се на дополнителните молитви во џамиите што се изведуваат по ифтар, вечерен оброк по цел ден пост.

Во Јордан, се очекува Владата, во координација со соседните арапски земји, да објави фетва што укажува кои римазански ритуали ќе бидат дозволени, но милиони муслимани веќе ја чувствуваат разликата.

Од Африка до Азија, коронавирусот фрли сенка на вознемиреност и неизвесност.

„Најлоша година досега“

За Каиро, град со 23 милиони луѓе што никогаш не спие, коронавирусот е катастрофален.

„Луѓето не сакаат да доаѓаат во продавниците. Тие се плашат од болести. Ова е најлошата година досега”, вели Самир ел-Хатиб, кој има штанд до историската џамија на Саид Зеинаб.

„Во споредба со минатата година, не продадовме ниту четвртина“, додаде тој.

За време на рамазан уличните продавачи во египетската престолнина ги полнат своите маси со слатки плодови, ставаат традиционални фенери на кулите на градските ѕидови.

Оваа година, сепак, властите воведоа полициски час и забранија заеднички молитви и други активности, така што многу луѓе не ја гледаат поентата за купување фенери.

Насер Салах Абделкадер (59), менаџер на египетската берза, е еден од ретките кои се вклучија во тоа.

„Оваа година воопшто нема рамазанска атмосфера“, рече тој.

„Обично доаѓав на пазар, тие  од самиот почеток пуштаа музика, седеа наоколу, речиси живееја на улица“, опиша тој.

Со прекин на свеченостите и пред да почнат, коронавирусот го отежнуваше и другиот дел од рамазан, ера кога постот и добротворноста се сметаа за задолжителни.

Во Алжир, сопствениците на ресторани се прашуваат како да им дадат ифтар на сиромашните кога нивните простории се затворени, додека добротворните организации во Абу Даби, каде што слабо платените работници од Јужна Азија добиваа ифтар, не се сигурни што да прават со сега затворените џамии.

Мохамед Аслам, инженер од Индија, кој живее во трособен стан во центарот на Абу Даби со 14 други, е невработен поради коронавирусот. Откако неговата зграда била ставена во карантин затоа што еден станар бил позитивен на коронавирус, тој се потпирал на добротворната помош за храна.

Постојат планови добротворната работа да продолжи во Сенегал, иако на ограничен начин. Во главниот град, Дакар, добротворните организации делат ндогоу на карактеристичен начин, колачињата покриени со чоколадо, шеќер и млеко за оние кои имаат потреба ќе бидат дистрибуирани во училиштата за Куран, а не на улица.

Во Индонезија, земја со најбројно муслиманско население во светот, некои на далечина ќе се сретнат со блиските. Прабово, кој се претстави само со името, рече дека ќе го одбележи Еид ал-Фитр на крајот на месецот на постот само со разговори преку интернет-мрежата Зум наместо да си оди дома.

„Загрижен сум за коронавирусот“, рече тој.

„Нема да има никаква причест. Нема заеднички ифтар, нема заедничка молитва во џамијата, дури и разговори со пријателите“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски